Вашето здравје, наша мисија

ЈЗУ Клиничка болница - штип

резултати

Провери ги своите резултати онлајн.

Специјалистички одделенија

Вклучува хирургија, ортопедија, гинекологија, педијатрија, неврологија, очни болести, ОРЛ, психијатрија и други водечки стручни одделенија.

Дијагностички и лабораториски услуги

Комплетна лабораториска иследувања, радиолошка дијагностика, компјутерска томографија, патолошки анализи и современа дијагностика.

Итна медицинска помош (24/7)

Пружаме 24-часовна итна и стационарна здравствена заштита, приемно одделение и секундарен транспорт на пациенти преку ургентен центар.

Хуманитарни и донаторски проекти

Континуирана набавка и донација на медицинска опрема преку европски и светски проекти, што го следи модерниот развој и подобрување на болницата.

Кои сме ние?

Нашата мисија е да обезбедиме врвна здравствена заштита за сите пациенти.

60 години искуство

Традиција и континуитет од 1965 година

УСЛУГИ

ЈЗУ Клиничка болница-Штип , во своето 24 часовно пружање здравствена заштита на населението ги нуди следните услуги

Лабораториски испитувања

Болницата обезбедува целосни лабораториски испитувања кои вклучуваат анализа на крв, урина и други биолошки примероци. Овие тестови се изведуваат со современа опрема и прецизни методи, со цел навремено дијагностицирање на заболувања, следење на здравствената состојба и проценка на ефективноста на терапијата.

Медицинска рехабилитција во установи

Во специјализираните оддели за рехабилитација, пациентите добиваат индивидуално прилагодени програми за обновување на физичките функции по повреди, операции или заболувања. Тим од стручни физиотерапевти и лекари користи современи методи за подобрување на мобилноста, силата и квалитетот на животот.

Медицински оддели

Клиничката болница располага со широк спектар од медицински оддели, вклучувајќи хирургија, интерна медицина, гинекологија и акушерство, педијатрија, офталмологија, анестезиологија, патологија, ОРЛ, дерматологија, инфективни болести, ортопедија, радиодијагностика и ургентен центар. Секој оддел е опремен со современа медицинска технологија и стручни кадри.

Медицинска пракса

Болницата овозможува практична обука за студенти и млади лекари преку програми за медицинска пракса. Учесниците работат под менторство на искусни специјалисти, учат да ракуваат со современа медицинска опрема и се запознаваат со најновите дијагностички и терапевтски методи во реално болничко опкружување.


Прегледи

Се вршат специјалистички и консултативни прегледи за утврдување на заболувања, повреди и здравствена состојба на пациентите. Болницата обезбедува целосна дијагностика, итна медицинска помош, учество во превентивни програми и давање упатства за домашно лекување, со акцент на навремено и квалитетно здравствено згрижување.

Лекови

Болничката аптека изработува инфузиони раствори и фармацевтски препарати според највисоки стандарди за безбедност и квалитет. Производството се врши во контролирани услови од страна на лиценцирани фармацевти, со користење на проверени суровини и современа технологија, обезбедувајќи навремена и ефективна терапија за пациентите.

Современа и напредна технологија за здравјето на вас и вашето семејство

Опремени со модерни медицински уреди и напредни дијагностички технологии, нудиме висококвалитетна здравствена заштита за сите генерации.

250k

ПАЦИЕНТИ ГОДИШНО

30+

СПЕЦИЈАЛИСТИ

150+

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

24/7

НЕПРЕКИНАТА ГРИЖА

СВЕДОШТВА

Искуство на пациентите

Rated 5 out of 5

Многу сум задоволен од грижата и професионалноста на докторите, брзо ме примија и добив квалитетна терапија

Марко
Петрушев

Rated 5 out of 5

Сестрите и персоналот беа љубезни и секогаш достапни за помош, се чууствував сигурно за време на лекувањето

Александра Стаменова

Rated 4.5 out of 5

Добив детална дијагностика и современ третман – болницата има одлични услови и организираност

Теодора Петреска

Контактирајте не

Закажи термин!

Адреса

Улица "Љубен Иванов" бр.25, Штип

Телефон

+389 32 394-099 Болница, Факс: 032/605-001

Е-маил:

jzuobstip@yahoo.com